Македонија
22. January 2017 - 19:04

Попоски: Ќе беше добро Плевнелиев дда ја имаше визијата на Желев

Би било добро доскорешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев да ја имаше широчината, визијата и почитта за волјата на македонските граѓани, како што тоа го имаше бугарскиот претседател Жељу Желев за време на чиј мандат Бугарија прва ја призна независноста на Македонија и да одбере пораки на мир и подавање рака, отколку гонење митови и поттикнување фобии.

Вака одговори министерот за надворешни работи Никола Попоски на изјавата на Плевнелиев во која то истакна дека Македонија може да стане член на ЕУ, но без македонизмот. 

- Благодарност до Бугарија од Македонија! Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија. Потоа следеа сите други пријатели. Претседателот Жељу Желев имаше демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани. Даде недвосмислена поддршка во тешки моменти за сосед како нас. Голем човек несомнено, кој ја заслужува сета наша почит. Тоа беа други времиња, други луѓе, вели Поповски во пораката што ја напиша на својот фејсбук профил.

Колку би било добро, додава тој, и оној кој до вчера ја имаше истата функција, Плевнелиев, да ја имаше истата широчина, визија и почит за волјата на граѓаните на соседна држава.

- Да покаже сила и мудрост и да одбере пораки на мир, подавање на рака и одлучна поддршка за сите да бидеме во Европското семејство час поскоро. Тоа сигурно е покорисно отколку гонење на митови, креирање лажни закани и поттикнување на фобии. На крајот на денот, сите сме луѓе кои сакаат спокојство, благодет во живеењето и почит од ближните. Баш такви какви што сме. Лидерите се за да ни го покажат патот што не води во тој правец и да не поврзат, истакнува македонскиот министер за надворешни работи Попоски во одговорот на изјавата на Плевнелиев.