Свет
21. August 2017 - 18:39

Поплавите однесоа над 800 животи во Индија, Непал и Бангладеш

Над 800 лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ги зафатија Индија, Непал и Бангладеш во сезоната на монсунските дождови. 

Во Бангладеш досега се регистрирани 115 жртви, а 5,7 милиони лица се засегнати од  временската состојба во земјата. 

Во Непал загинаа 143 лица, а илјадници лица останаа без своите домови. 

Останатите жртви, односно над 500 лица, се од Индија, а од поплавите најмногу е засегната северната држава Бихар, во која има 253 загинати. 

Кинеските власти денеска соопштија дека повеќе од 530.000 луѓе се повредени во поројните дождови и поплави во источните и централните делови на земјата, јави ТАСС.

Досегашните штети се проценети на 45 милиони долари.