Македонија
24. May 2017 - 17:23

Поплави во Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром

Поплавени подруми и гаражи, уништен мебел и покуќнина. Ваква слика остави вчерашното невреме во скопскиот регион.  Зоран Варга кој живее на Браќа Чакреви вели дека целата вода од улицата која е во градба му се слевала во гаражата.

Штета од вчерашниот обилен дожд има и неговата соседка Соња Петровиќ. Вели дека од синоќа до пладне сама  ја исцрпувала водата од подрумот. При обилни постојано се поплавувале, но ваква штета досега немале.

Синоќа вода навлегла и во домот на нејзините први соседи.

- Само на оваа улица Браќа Чакреви штета од вчерашното силно невреме кое го зафати скопскиот регион штета е предизвикана во десетина куќи.

Вчера на неколку улици во Ѓорче Петров, Козле  и Лисиче биле повикани и екипи на Против пожарната бригада. Од службата за Сител велат дека во исцрпувањето на вода помагале секаде каде можеле да стигнат. Додека траело невремето интервенирале и на два пожари во Скопје предизвикани од удар на гром.

Вчера и бројот 195 на ЦУК е во прекин подари дефект предизвикан од силните грмотевици. Од ЦУК велат дека работата на поправка и во текот на денот очекуваат дека 195 ќе профункционира.