Македонија
8. August 2016 - 16:03

Поплавена црква, уништени коли, разрушени куќи: Морничава глетка во Синѓелиќ по поплавите

Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.

Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци - Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување.