Македонија
19. February 2017 - 14:40

Попладнево тепачка на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Tепачка во која учествувале неколку десетици луѓе попладнево се случила на кејот на Вардар во близина на националната Т-Арена.

Според неофицијалните информации од очевидци, тепачката избила помеѓу навивачките групи на Вардар и Шкупи, тимови кои денеска играат првенствен меч пред празни трибини со оглед на тоа дека Вардар ја издржува казната од фудбалската федерација за играње пред празен стадион.

Според неофицијалните информации, има повеќе повредени лица, а неколкумина се и приведени.

Од МВР се уште нема детални информации.