Македонија
26. јуни 2017 - 17:54

Попладнево пороен дожд и грмежи, еве каде падна најмногу дожд

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Поголема нестабилна маса помина во северниот дел од Скопската и Полошката котлина, а интензивна нестабилност имаше и во Мариовско. Во моментов нестабилно со пороен дожд грмежи и засилен ветер е во Куманово.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Во вечерните часови на места се уште ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, главно во планинските предели во северните и крајните западни делови. Во текот на ноќта ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен ветер од променлив правец.
 

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 39 Д. Капија, 36 Гевгелија, 35 Скопје-З.Рид, Штип, 34 Виница, Струмица, Скопје Петровец, 33 Битола, 32 Тетово, Прилеп, Кр. Паланка, 31 Претор, Охрид, 30 Берово, 29 Ѓуриште, 28 Пожаране, 26 Лазарополе, 25 Маврово.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот: 14 Маврово.