Македонија
1. March 2017 - 14:20

Попладнево драстична промена на времето, најави УХМР

Врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во западните делови на Македонија се очекуваат за денеска попладне и во вечерните часови.

Најпрво ќе има повремени врнежи од дожд во западните делови, а кон крајот на денот ќе се префрлат на исток. Пообилни ќе бидат во западните делови, каде на места се очекува да наврне околу 15 литри на метар квадратен. Можна е изолирана појава на грмежи. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови.  Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец и на места ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во вечерните часови ветерот ќе биде северен, што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Во скопската котлина ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен, а кон крајот на денот од северен правец. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд со слаб интензитет.

Внежите ќе престанат во втората половина од ноќта.