Бизнис
13. July 2017 - 19:43

Поништен тендерот за гасификација, Владата наскоро ќе распише нов

Гасификацијата ќе  чека нов тендер. Претходниот владата ќе го поништи затоа  што стигнала понуда од само една фирма. Според Анѓушев со тоа се отвара сомнеж за коруптивност и за конкурентноста на понудената цена.

- Избор на тендер од само една компајнија за мене е избор на прашање за возможна корупција. Јас тоа нема да го подржам.  Мојот предлог е тендерот да се преработи и да се објави, рече Анѓушев

Гасификацијата опфаќа три региони. Првиот е скопскиот во кој влегуваат 17 општини.  Во вториот регион  се 36 општини  и тоа во  централна и источна Македонија. Приоритени се Велес, Штип, Радовиш Кочани, Прилеп и Кавадарци.

Во третиот регион, гасификацијата на западна Македонија влегуваат 26 општини, од кои приоритетни се Битола, Ресен, Охрид , Струја,  Тетово, Гостивар, Кичево.

За изградбата на гасификацијата во Централна и источна Македонија беше планирано да се инвестираат 28 милиони евра, а за западниот дел од земјава вклучувајќи  ја и Пелагонија 23 милиони евра. Гасификацијата е процес кои значително ќе помогне и домаќинствата и фирмите да ги намалат трошоците за струја.

Анѓушев посочи дека ќе се реализира и предизборното ветување за враќање на дневната евтина тарифа. Евтина струја да има  секој работен ден по два часа плус сабота.