Македонија
11. July 2016 - 8:34

Помошникот државен секретар на САД Нуланд во посета на Скопје

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска ќе ја посети Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на САД во Скопје, за време на посетата, таа ќе има средби со претставници на Владата, функционери на политички партии и претставници на граѓанското општество.

На средбите, според соопштението, ќе се разговара за билатералните и регионалните прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и создавањето услови за кредибилни избори.

Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.