Живот
11. January 2018 - 12:11

Помош, сакам да oдам на српска слава: Огласот на Американка која го обожава Балканот стана хит во регионот

Таа го обожава Белград, Србија и цел Балкан. Веќе била на натпревар на српската репрезентација, на дербито меѓу Партизан и Ѕвезда но и интензивно учи српски.

Сепак сега слушнала за традиционалната српска слава, но не била уште поради тоа што никој не ја повикал.

Затоа објавила оглас некој да ја повика на слава и оставила број на телефон, а се тоа го снимила и објавила на својот блог.