Македонија
23. January 2016 - 17:24

Помош од МТСП за семејствата од Шуто Оризари чии куќи беа опожарени

 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе им помогне на двете семејства од населбата Шуто Оризари чии куќи беа опожарени синоќа. 

- Во врска со немилиот настан којшто се случи синоќа на улицата „Брсјачка буна“ во  населба Шуто Оризари, Скопје околу 20 часот во кој настана пожар во куќа во сопственост на А.Р. и во куќа во сопственост на Р.С., Министерството за труд и социјална политика информира дека ќе им помогне на двете семејства. Министерството на семејствата ќе им пружи помош во рамките на законските можности и ќе се погрижи за нивните потреби во овој критичен момент за нив, се вели во денешното соопштение од МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика на повредените во синоќешниот пожар им посакуваат брзо закрепнување.