Македонија
10. December 2015 - 14:22

„Помогни и ти“ во Гевгелија

Во Гевгелија почна реализацијата на проектот „Помогни и ти“ што го спроведува Регионалниот центар за одржлив развој. Целта е да се поттикнат здруженијата на граѓани и граѓаните на Гевгелија на хуманост и преземање активности за помош на бегалците.

Во рамки на проектот ќе се реализираат активности за јакнење на капацитетите на невладините организации за работа и помош на бегалците преку организирање обуки, работилници и состаноци за вклучување на невладиниот сектор во активностите на организациите кои веќе работат во прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, како и за подигање на јавната свест со цел да се поттикнат граѓаните и младите да покажат интерес за помош на бегалците преку креирање профил на социјалните медиуми, печатење и дистрибуција на промотивни материјали и организирање отворени денови за донирање, набавка и дистрибуција на вода и прехранбени продукти во прифатниот центар за бегалци во Гевгелија.

Организаторите очекуваат преку проектот да се зголеми учеството на невладините организации во прифатниот центар кои ќе дејствуваат со подготвени акциони планови, да се воспостави процес на соработка и партнерства со јавни интитуции и меѓународни организации и да се поттикнат младите на волонтеризам.

Проектот се спроведува во рамки на програмата „Цивика Мобилитас“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.