Македонија
12. January 2018 - 12:43

Помалку одобренија за градење во ноември

Општините издале 182 одобренија за градба во ноември минатата година, што е намалување за 21,6 проценти во однос на истиот месец во 2016-та. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број одобренија се издадени во Скопскиот регион 48, следи Полошкиот со 44 и Источниот со 30 издадени одобренија за градење. Предвидената вредност на објектите што треба да се изградат изнесува една милијарда 958 милиони 89 илјади денари што е за 31,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 160  или 87,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, шест или 3,3 отсто за објекти од нискоградба и 16 т.е. 8,8 отсто за објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 414 станови со вкупна корисна површина од 37.878 метри квадратни.