Спорт плус
2. September 2017 - 15:17

Полуфинални натпревари на Европското првенство во одбојка

 
 На Европското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Краков, Полска, денеска на програмата се полуфиналните натпревари. 
 
Во првиот меч за вчез во финалето ќе се борат селекциите на Србија и Германија селекции кои во групната фаза ги освоија првите места во групите со три победи, а максималниот учинок го дополнија и со победите во четвртфиналето против Бугарија и Чешка. 
 
Дуелот Србија – Германија ќе започне во терминот од 17:30 часот. 
 
Во вториот полуфинален меч кој на програмата е од 20:30 часот ќе играат Русија и Белгија. 
 
Натпреварите за медал на програмата се утре, во истите термини (17:30 часот) за трето место и финалето од 20:30 часот.