Тенис
22. September 2017 - 18:01

Полуфинале за Возниацки во Токио

оранешната тенсиерка број 1 Каролине Возниацки успеа да спаси две меч топки во денешното четвртфинале на турнирот во Токио и потоа откако противничката Доминика Цибулкова се повреди, Возниацки се пласира во полуфиналето. Цибулкова го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а двете меч топки ги имаше во вториот сет, кој Возниацки го доби со 7:6 (7:5 во тај брекот). Во третиот сет при резултат 3:1 во гемови за Возниацки, нејзината противничка го предаде мечот.
Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде тенисерката број 1 на светот Гарбине Мугуруза која со 2-0 ја победи Каролине Гарсија. 
Во второто полуфинале ќе играат Анжелик Кербер и Анастасија Павличенкова. Кербер ја победи Каролина Плишкова со 2-0 во сетови, додека Павличенкова со 2-1 во сетови ја совлада Барбора Стрицова