Тенис
21. September 2016 - 17:18

Полуфинале за Ѓорческа во Сен Мало

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во францускиот град Сен Мало. Таа денеска во 1/4 финалето заедно со Диана Марцинкевича од Летонија без поголеми проблеми ги совладаа шпанските тенисерки Олга Парез Азкоитиа и Олга Саез Лара со 6:3 и 6:1 во сетови.

Утре во полуфиналето ќе играат против првите носителки Пратрахана Томбаре од Индија и Марина Заневска од Украина.