Полскиот Парламент донесе закон со кој се обединуваат функциите главен обвинител и министер за правда
Полскиот Парламент усвои закон, кој предвидува обединување на функциите главен обвинител и министер за правда. Во петокот законот беше поддржан во Сејмот, а вчера во Сенатот, јави ТАСС.
Според новиот закон од 4 март министерот за правда ќе ја извршува должноста државен јавен обвинител. Освен тоа военото обвинителство повеќе нема да постои како посебна структура. Наместо главно обвинителство во земјата ќе биде создадено државно обвинителство. Во рамки на новата структура ќе дејствува оддел за внатрешни работи, кој ќе работи на процесите за „најсериозните криминални дела извршени од судии и обвинители“.
Новиот закон беше предложен од популистичката партија „Закон и правда“ на Јарослав Качински, која победи на изборите во октомври минатата година и има мнозинство во Парламентот.
Против законот се изјаснија сите опозициски партии, кои сметат дека новите решенија ќе доведат до политизација на работата на обвинителството.
Полското обвинителство доби независност од Министерството за правда во 2009 година.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка