Свет
31. March 2016 - 15:32

Полски политички лидери поддржуваат целосна забрана на абортус

Полската премиерка Беата Шилдо и лидерот на владејачката конзервативна партија Право и правда, Јарослав Качински, изразија денеска поддршка за целосна забрана на абортус во својата држава.

Абортусот во Полска е одобрен само во ретки случаи, а новата невладина организација Стоп за обортусот, работи на придобивање поддршка на јавноста за воведување целосна забрана на абортусот.

Тоа движење веќе има целосна поддршка од Католичката црква, а забраната денеска ја поддржаа Шилдо и Качински, двајцата католици.

Нивната партија Право и правда, победи лани на изборите благодарение на ветувањето за враќање на католичките вредности. Во соопштение на полските бискупи што ќе биде прочитано в недела во црквите во Полска, тие ќе повикаат на заштитата на човековиот живот – од момент на зачнување до природна смрт.