Ракомет
8. April 2016 - 21:19

Полска - Македонија 13:9 (полувреме)

Во првиот натпревар од групата во Гдањск, Македонија по првите 30 минути е во негатива од 4 голови (13:9 за Полска).
По изедначениот почеток и 4:4 противникот направи серија од три голови за водство од 7:4, која продолжи со уште еден скор од 2:1за Полска или нивното највиско водство од 9:5 во 13.минута. Сосема разбирливо следуваше тајм аут за Ивица Обрван. Во прдолжението заигравме подобро во одбраната, но нападот немаше реализација, каде и правевме технички грешки. Сепак успеавме да намалиме на 10:8, а не искористивме и три напади да намалиме на еден гол неагтива. Тоа го казни Полска која на полувремето се избори за +4 (највисока предност) 13:9.