Свет
7. September 2016 - 8:55

Полска купува осум ПРО системи „Патриот“

Полска ќе побара официјално одобрување од САД за купување осум системи за ПРО, Патриот од корпорацијата Рејтиан со што би била склучена зделка за околу пет милијарди долари, соопшти Владата во Варшава.

– Официјалното барање на Полска е важен чекор, и таа ќе биде шеста држава од НАТО која ќе има системи Патриот и 14-та во светот – партнер во таа програма, изјави претседателот на Интегрирани одбранбени системи Рејтиан, Вес Кремер.

Владата на САД до синоќа не го добила писмото со барање од Полска, јавија американски медиуми. Купувањето противракетен систем е централен елемент во големата програма за модернизација на полските оружени сили, наведуваат локални медиуми.