Свет
6. July 2017 - 9:25

Полска купува од САД противракетни комплекси „Патриот“

Министерствата за одбрана на Полска и САД потпишаа договор, според кој Варшава ќе набави американски комплекси за противракетна одбрана „Патриот’.

Веста денеска на брифинг со новинарите ја соопшти министерот за национална одбрана на Полска, Антони Мачеревич, цитиран од ТАСС.