Половина од бегалците во Германија ќе најдат работа за пет години
Германскиот Институт за работна сила предвидува дека половината од бегалците кои престојуваат во земјата. ќе најдат работа во рок од пет години, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според институтот, 10 отсто од бегалците кои пристигнаа во Германија во 2015 година, биле вработени до јули 2016 година, а 22 проценти од пристигнатите во 2014 нашле работа во текот на 2015-та.
Голем дел од овие вработувања се дел од програмата на Владата за стажирање и повремена работа, а само пет отсто од бегалците дојдени во 2015 година нашле редовна работа лани.
Според истражувањето, во кое биле вклучени повеќе од 4,800 бегалци, бројот на вработени баратели на азил од Авганистан, Еритреја, Ирак, Иран, Нигерија, Пакистан, Сомалија и Сирија пораснал за 80.000 во периодот меѓу 2015 и 2016 година.
Паралелно со оптимистичките предвидувања на Институтот за работна сила, германските власти најавуваат укинување на субвенционираните работни места за бегалците познати како „работа за едно евро“.
Медиумите цитираат извори во Сојузното министерство за труд, според кои, се укинуваат над 100 илјади предвидени работни места, а за шест пати ќе се намалат парите за отворање на работни места за бегалците.
Дел од причините за укинување на државната помош за вработување на бегалците се побрзите процедури за добивање азил, особено за оние мигранти кои имаат реални шанси да добијат подолг престој во земјата со што стануваат конкуретни на пазарот на работна сила.
Германија во март дојде до рекордно ниско ниво на невработеност од 5,9 отсто, што е најниско во историјата на обединета Германија.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд