Македонија
1. September 2016 - 17:03

Поливалентните вакцини даваат одлични резултати

Се враќа довербата на родителите во вакцините.  За една година над 54.000 деца се имунизирани со петто и исто толку со шесто валентни вакцини. Пријавени се само 7 реакции со покачена температура за разлика од претходно кога годишно имало и по 100 несакани реакции. Со новите вакцини бројот на боцкања од 13 намален е на 7. Надлежните очекуваат опфатот на имунизација да достигне 97 проценти.

-Вакцините се добро прифатени од населението и процентот на имунизација е одличен, што ја става Македонија во земјите со висок степен на имунизација на населението. Досега се дадени 54 илјади петовалентни и 54 илјади шестовалентни вакцини, изјави Никола Тодоров, вицепремиер и минситер за здравство.

Една третина од децата во Македонија се вакцинираат во Здравствен дом Скопје

-Во Здравствен дом Скопје официјално нема ниту една писмена изјава да се одбие вакцина и нема ниту една пријавена несакана реакција од поливалентните вакцини. На тој начин ги охрабривме и малкуте кои се плашеа да започнат со примовакцина што според педијатрите има најголемо значење за започнување на процесот на имунизацијаЕдна третина од децата во Македонија се вакцинирани во Здравствен дом Скопје.изјави д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Министерството за здравство за поливалентните вакцини годишно издвојува 170 милиони денари.