Македонија
14. March 2017 - 16:21

„Политика“: Тиранската платформа вовед во распарчување на Македонија и темпирана бомба за целиот Балкан

Коалицискиот договор меѓу македонските посткомунисти и албанските партии не е само вовед во распарчување на Македонија, туку темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балкан.

Ова е заклучокот од  анализата на српскиот весник Политика.

Српскиот аналитичар  Мишо Вујовиќ, во својата колумна потенцира дека токму точката воПлатформата од Тирана со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцид над Албанците во период од 1912 до 1956 година не е случајност.

Тоа предупредува може да го разгори Балканот поради точката со која се предвидува Резолуција во Собранието  што коинцидира со сега веќе неуспешната иницијатива на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, за ревизија на тужбата на БиХ против Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

-Призренската лига е втемелена како големоалбански проект, од кој Албанците не се откажале ни во времето на фашизмот, комунизмот, демократијата, настојувајќи дека како стратешки партнери светскиот нарко-бизнис проект ги обединува сите Албанци на Балканот и финализираат во време кога нема власт, анализира српскиот весник, кој оваа сегашна платформа ја дефинира како четвртата албанска лига, стои во анализата.

Во нејзе се потенцира дека Албанците константното ги усогласуваат ставовите со центрите на моќ, под чие покровителство полека но сигурно преземаат дел по дел од Балканските територии.

Аналитичарот Чедомир Антиќ пак во колумна под наслов „Македонија – опстанок или исчезнување“ пак пишува дека Македонија е во криза, и дека таа криза не се однесува и на Србија.

-Во Македонија во тек е конфликт чии последици ќе ја одредат нејзината судбина дали ќе преживее или исчезне. Дали во иднина во Македонија, група албански клан шовинисти ќе го одредуваат уставот, политиката и симболите на оваа земја? Пред два месеци во Тирана, под покровителство на премиерот Еди Рама – човекот кој во Србија многу добро познат по цинизам и непристојно однесување е потпишана “Тиранската платформа”, пишува Антиќ.

Дополнително во овој контекст на потпалување на тензиите на Балканот е и изјавата на Месила Дода пратеник до албанското собрание од партијата коалиционен партнер на Еди Рама. Таа директно го негира македонскиот идентитет, подгревајќи ги стратстиите за промена на границите на Балканот.

Ваквите настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија ги остуди македонското МНР, посчувајќи дека неодговорните изјави на јавни личности кои по својата функција налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји и особено не во духот на европските вредности.

- Далеку покоректно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктиувни предлози и иницијативи со што би ја зајакнале соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција, стои во реакцијата на МНР.

Изјавата на пратеничката од Албанија е потврда дека политиките на СДСМ се причина за отварање на пандорината кутија, сметаат во ВМРО ДПМНЕ:

Политичката крза во Македонија, која доби нови размери по изборите, според сите аналитичари на балканот може лесно да се прелее и во соседните држави.