Бизнис
17. February 2017 - 19:52

Политички и бизнис лидери од регионот бараа солуции за поголем економски напредок

Откако се разделија, некогашните ЈУ-републики сега треба да најдат начин тесно да соработуваат за да го осигураат својот економски опстанок.

Оваа поента се наметнува како резиме на тркалезната маса на која дискутираа еминентни политичари и бизнисмени од Балканот.

Поводот беше 95 години од оснивањето на Стопанската комора на Македонија и потребата да се одговори на прашањето како малите земји треба да се снајдат во во водите на меѓународната економија.

Некои од поентите беа дека на малите држави им требаат мали администрации, пробив кон нови пазари, слободно движење низ границите и, најважно, сопствени производи и брендови.

Покрај Ѓукановиќ и Месиќ , панелисти во дебата беа челници на коморите од регионот, успешни претприемачи од Македонија и околните земји, економисти и банкари.

Една од пораките беше и таа на банкарите: на Балканот има премногу пари, а премалку капитал.