Бизнис
14. April 2016 - 20:02

Политичката криза влијае врз бизнисот, малите и средни фирми – Најпогодени

Бизнис коморите   бараат итно решавање на политичката криза.  Предупредуваат ако   не се  превземат  мерки  ќе има   серизона  стагнација на домашната економија. Први на удар  би биле малите и средни фирми. Странските партнери ќе ги повлечат нарачките, ќе се плашат да се впуштата во нови зделки.

Институциите веќе се соочуваат со проблем во работата. Компаниите кои  поднесуваат барања до нив со денови не добиваат одговор, што дирекно влијае врз нивно  фнкционирање.

Вчера реагираа и од сојузот на стопански комори. Потенцираа дека во вакви услови, компаниите не можат да го зголемат производтсвотот,  да склучуваат  договори со нови партнери , ќе стагнираат и инвестициите.

Во најновиот извештај на НБРМ регистриран е солиден  раст во првите месеци  од годинава, но и од банката аплеираат да се стави крај на политичката криза, во спротивно ќе дојде до  нејзино прелевање врз  економијата.