Бизнис
20. August 2016 - 17:13

Политичката криза причина за намалувањето на кредитниот рејтниг на земјава

ФИЧ го намали кредитниот рејтинг на Македонија. ОД ББ + кредитниот рејтинг на земјава падна на ББ. Како што се наведува во извештајот од позначајните фактори кои придонеле за ова е политичката криза во земјава која сеуште не е разрешена.  За падот на рејтингот влијание имале и повеќемесечните протести низ земјава, неуспехот на пржинскиот договор како и пропаднатите парламентарни избори во април и јуни годинава. Во извештајот е нотиран и бојкотот на Парламентот од страна на опозицијата како и опструкциите што се прават во истрагите на Специјалниот јавен обвинител..

Експертите се согласни дека политичката криза е главен фактор за намалување на кредитниот рејтинг но и тие како и во ФИЧ не се сигурни дека опозицијата конечно  ќе се појави на избори после третото Пржино.

„Во јули годинава, со медијација на ЕУ и САД, најголемите политички партии постигнаа напредок во договарање на условите за одржување на изборите и поставија временска рамка за истите. Сепак, останува несигурноста дали парламентарните избори воопшто ќе се одржат, и ако се одржат, дали ќе водат кон стабилизација на политичката ситуација и ќе ги намалат политичките тензии“. Стои во извештајот.

Во извештајот се наведува и скандалозното однесување на опозицијата со лажните информации за девалвација на денарот. Тие потсетуваат дека во април годинава, лажната тревога натера голем број на граѓани да ги повлечат своите девизни депозити од банките. Поради ова тие граѓани доживеаа загуби од милиони евра на име на камати кои не се реализираа.

На соопштението од рејтинг агенцијата се огласи министерот за финансии Миновски. Тој вели дека

'' Очекувано долготрајната политичка криза негативно се одразува врз кредитниот рејтинг и економскиот раст. Час поскоро неопходна ни е брза разрешница на политичката криза, и фокусирање на вработувањето, еконосмкиот раст и животниот стандард на граѓаните ''

Од Фич потврдуваат дека поради огромната негативна кампања раководена од СДСМ издавањето на еврообврзницата резултираше со 25 милиони евра повисока камата, во споредба со онаа која државата ќе ја добиеше доколку опозицијата не работи на директна штета на граѓаните.