Бизнис
22. March 2017 - 20:24

Политичката криза не влијае врз дрвната индустрија

Политичката сотојба  засега не влијае на  продажбата на мебел. Интерес за саемот кај граѓаните има. Оние кој беа денеска таму  се задоволни  од  цените. Велат тие се реални и одговараат на она што се нуди на домашниот пазарот. 

Првите впечатоци на трговците и произвдидителите  на саемот се  дека има доволно посетители без разлика што се случиува со полтиката. Но велат рано е да се каже, чекаат да поминат сите пет дена колку што трае саемот и да ги сублимираат резултатите. Салоните за мебел се надеваат на солидна продажба. Попустите се движат од 10 па се до 40 отсто. Бројката на посетители очекуваат да  достигне до 50 илјади исто како и лани.

Изминативе години граѓаните се повеќе трошат за опремување на домовите но  трговците велат дека моделите кои се продаваат кај нас сре постари и до три години од оние кои се нудат на саемите во Европа. Причина за тоа е културата и менталитетот на овие простори.