Бизнис
10. April 2017 - 20:16

Политичката криза ги стави на чекање барањата за повисоки плати и подобри работни договори

Политичката криза ја кочи примената на новите правилници за поголеми права на работниците.  Зголемувањето на минималецот и до 20 отсто и кратењето  на периодот  за вработување  на  определено време од 5 на  3 годни се само мал дел од предлозите кои се значајни за вработените , но  поради случувањата  нема кој да ги одобри. Од организацијата на работодавачи стравуваат дека  ако кризата се продлабочи, фирмите повеќе нема да можат да се носат со ситуацијата.

- Она што се случува не доведува до ситуација да нема кои да потпишува ниту да даде одобрување на се она што се носи во корист на вработените. Ако се продлабчи кризата сериозн ке влијае на стандардот на граѓаните а тоа ќе се одрази и врз економскиот потенцијал и пад на БДП, рече Ангел Димитров- организација на работдавачи на Македонија

Новите правила предвидуваат изедначување на платите на работниците кои се на иста позиција.

 Околку 60 проценти од вработените во земјава земаат плата која е под просечната .

Споре послленте податоци на статистиката во јануари годинава , просечната нето плата во земјава е големена и  изнесува 22. 750 денари, а потрошувачката кошница  32.102 денари.

– Сето тоа може да се промени. Ако се залагаме з апромена на структурата во домашнотот стопанстви не само во домашнотот туку и да се продолжи со рпивлекување на странски компании кои ќе генерираат висока додадена вредност и со тоа ќе можат да исплаќаат и повисоки плати на работниците, додаде  Димитров.

Со измените во работното законодавство се предидува и најмалку 30 отсто од договорите за вработување  во зоните да бидат на неопределено време. Странските компании да бдат вклучени во колективните договарања.