Македонија
7. January 2018 - 16:39

Политичарите верни на традицијата - кај кого се падна паричката од бадниковата вечера?

Лепче со паричка традиционално синоќа се кршело и во семејствата на политичарите. Кај претседателот на државата Ѓорѓе Иванов паричката се паднала во домот.

- Паричката оваа година падна во домот, изјави Ѓорѓе Иванов, претседател на Р. Македонија.

Кај премиерот Зоран Заев кој Божиќните празниците со семејството ги поминува во родната Струмица паричката на Бадниковата вечера била во делчето наменето на Господ.

Од политичарите најмногу среќа имал лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Годинава традиционално со семејството кршевме лепче со паричка и паричката се падна кај мене, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Паричката во домот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов завршила кај синот.

- Кај синот, кај синот, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Според народните обичаи паричката се чува во вино, а се верува  дека на оној на кого му се паднала ќе го следи среќа и бериќет цела година.   Инаку голем број македонски семејства пак лепче со паричка кршат за Василица.