Македонија
1. July 2017 - 16:20

Полио плус иницира: Закон за правото на граѓаните со хендикеп и правилна редистрибуција на парите за нив

Под итно донесување на закон за правото и достоинството на граѓаните со хендикеп и транспарентна и правилна редистрибуција на парите што ги добиваат. Полио плус овие мерки ќе ги побара од Владата, за кои очекуваат соодветен треман во делот на најавените итни реформи и приближување на земјата до Европската унија.

-За влегување во ЕУ не може без прашањето за хендикеп и затоа мора да има подобрување на третманот на лицата со хендикеп, вели Елена Кочоска од Полио Плус

Полио Плус не се сами во нивната мисија за соодветен третман на лицата со хендикеп. Со уште неколку организации од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина преку формираната балканска мрежа ќе бараат заеднички решенија за промена на законодавството и ќе влијаат на оние кои ја креираат политиката.

-Во некои земји има добри примери кои се решени и ние ги копираме односно, одредени добри решенија е добро да бидат пресликани, знаете, хендикепираните во овие земји имаме слична положба, вели Наташа Боровиќ, претседател на Балканска мрежа на организации со хеникеп

Суад Захировиќ од Босна и Херцеговина е еден од лидерите во регионот во борбата за правата на лицата со хендикеп. Тој е роден слеп, но тоа не му е пречка постојано да патува, да учесатвува на разни конференции и да бара промена на законските решенија кои ги обесправуваат хендикепираните.

-Лицата со хендикеп се исклучени од сите дејствувања во заедницата, оставени се сами и за нив да се грижат семејствата а државата со оправдување дека нема финансии за тоа, вели Суад Захировиќ од Босна и Херцеговина

Преку дружба и размена на искуства, овие лица се убедени дека ќе ги направат промените и ќе го добијат заслуженото место во општеството.