Македонија
20. February 2018 - 16:38

Полио Плус бара средства од игрите на среќа за здруженијата за хенидкеп

Близу еден милион евра годишно средства од игри на среќа и лотарија државата да ги подели на сите организации кои имаат проекти и програми за подобар живот на лицата со хендикеп, а не средствата да завршуваат само кај седумте сојузи обединети во националнио сојуз на инвалидски организации, бараат од Полио Плус. Ова следи откако државниот завод за ревизија утврди низа нерегуларности во работата на сојузите на слепи и гливи и наглуви лица за 2016.

-Овие средства посочуваме дека треба да бидат целосно отворени за останатите организации на лица со хендикеп. Затоа што за изминатите години како незадоволство од нивно работење се формираа нови организации на лица со хендикеп, изјави Елена Кочоска од Полио Плус.

Од движењето Полио Плус предлагаат сојузите да бидат трансформирани и полесно да можат да ги следат новите предизвици кои произлегуваат од конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

-Досега овие сојузи не придонесоа до напредок и поголема инклузија и покрај тоа што националниот сојуз на глуви има обврска да го афирмира знаковниот јазик за жав во Македонија има само 12 толкувачи на знаковен јазик, додаде Кочоска од Полио Плус.

Инаку државните ревизори кај сојузот на глуви констатирале дека не биле превземени активности за изучување на знаковниот јазик и покрај тоа што биле обезбедени средства. А пак во работењето на сојузот на слепи во 2016 било утврдено дека за 67 проценти од исплатените средства немало веродостоен документ односно потврда за направените трошоци како и неосновано исплатени надоместоци.