Свет
22. February 2018 - 18:47

Полициската акција во Брисел не е од „антитерористича природа“

 - Бриселската полиција оопшти дека полициската операција во квартот Форе, при која беше блокирана една зграда, не е од „антитерористичка природа“. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за случај во кој маж од полска националност пријавил убиство.

По добиента пријава, полицијата од претпазливост одлучила да го обезбеди реонот.

Претходно, медиумите од Брисел, повикувајќи се на претставници на локалните власти, информираа дека е „можно во зградата да се наоѓаат едно или повеќе вооружени лица“. За време на акцијата над тој дел на Брисел биле забележани и хеликоптери.