Македонија
2. March 2018 - 10:03

Полицијата запре мерцедес кај Куманово, еве што пронајде во него

Завчера околу 22,20 часот на патот од Куманово кон село Костурник, од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.И.(38) а како сопатник бил К.И.(21) двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и обавен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а од страна на РЦ Север до надлежното ОЈО против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по член 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.