Балкан
23. April 2016 - 14:57

Полицијата врска нема кој ја убил Јелена: Сега се бараат велосипедисти!

Инспекторите кои го расветлуваат убиството на Јелена Марјановиќ, бараат двајца велосипедисти кои во саботата на 2 април се возеле на велосипед на насипот во Црвенка, кога трчала и потоа свирепо е убиена пејачакта на Гранд.

Мештаните од написот зборуваат дека по тој повод инспекторите синоча повторно влегувале во секоја куќа во Црвенка/

-Кога Јелена почнала да трча од рампата, кратко потоа по неа од тука поминале двајца велосипедисти. Мештаните ги виделе нив и тоа го пријавиле во полиција. Сега инспекторите ги бараат за да кажат дали нешто сомнително видела на насипот, велат тие.

Жителите наведуваат дека инспекторите синоќа трагале до длабоко во ноќта.

-Влегуваа во секој двор, во секоја куќа, На секој од домашните им покажуваа слики и ги прашуваа дали препознаваат некого, велат тие.