Полицијата вчера открила две групи мигранти
Полицијата вчера на автопатот Гевгелија - Скопје и на регионалниот пат Валандово - Дојран пронашла две групи мигранти кои се обидувале да ја минат територијата на Република Македонија.
Во средата десет минути по полноќ мешовит патролен тим извршила проверка на камион „Мерцедес“, со тетовски регистарски таблички, паркирано од страна на непознат возач на бензинска пумпа покрај автопатот Гевгелија-Скопје кај с.Смоквица. Како што соопшти полицијата, притоа биле пронајдени 26 мигранти од кои 21 од Авганистан и пет од Пакистан. По инструкции на Јавен обвинител, во Прифатниот центар Скопје ќе бидат сместени две лица мигранти, а останатите 24 во Прифатно транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот.
Во 21:30 часот синоќа на регионалниот пат Валандово-Дојран, полициски патролен тим забележал поголема група мигранти како се кријат под мост. Веднаш до патот било паркирано патничко моторно возило „Хјундаи“ со струмички регистарски ознаки без возач, празно и отклучено.
Полицискиот тим извршил разговор и легитимирање на мигрантите кои изјавиле дека се превезувале со наведеното комби кое го управувало непознато лице и уште еден сопатник. Тие го паркирале возилото на тоа место половина час претходно и побегнале.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и совозачот на возилото и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите