Македонија
15. December 2017 - 12:27

Полицијата упадна во спортска обложавалница - таму владел вистински хаос

Гостиварчани нелегално организирале игри на среќа. Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Полициска станица Гостивар извршиле контрола во спортска обложувалница во с. Градец, гостиварско, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во обложувалницата било затекнато лицето А.Џ. (25) од с. Градец, кој бил вработен таму. Во објектот без фирма биле пронајдени и одземени девет телевизори, шест покер апарати, три компјутерски куќишта, два монитори, два читачи, четири принтери, една тастатура, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.