Свет
31. July 2017 - 8:37

Полицијата уби маж, кој го нападнал домот на кенискиот потпретседател

Кениската полиција вчера уби вооружен напаѓач, кој влегол во домот на потпретседателот Вилијам Руто и се забарикадираа внатре во текот на 18 часа, јави ДПА.

Мажот во саботата го нападнал телохранителот на потпретседателот во неговиот дом во градот Сугој, му го одзел пиштолот и се забарикадирал внатре, по што застрелал едно лице од обезбедувањето, соопшти полицијата.

Нападот се случи неколку дена пред општите избори во Кенија на 8 август. Руто, кој води предизборна кампања, го напуштил својот дом неколку минути пред мажот да влезе во станот.