Свет
17. November 2015 - 9:41

Полицијата синоќа изврши околу 130 претреси во Франција

Француската полиција во текот на минатата ноќ изврши 128 претреси додека се уште е во сила вонредната ситуација која е прогласена по нападите во Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов.

Во големата операција синоќа беа извршени 168 претреси во 19 француски департмани, при што беа приведени на сослушување 23 лица и одземени 31 парче оружје.