Балкан
23. August 2016 - 9:24

Полицијата по 5 месеци го откри најгрозоморниот детаљ за смртта на Јелена

Ново грозоморно сознание за убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, ѕвездата на Гранд која беше брутално убиена пред неколку месец, чиј што убиец и понатаму е на слобода.

Според најновите докази до кои дошла полицијата при истрагата, убиецот буквално и ја бушел главата со метален предмет, дознава српскиот Ало.

Убиството кое не може да се разреши со месеци добива се по грозоморни димензии. Според последните податоци, Јелена се симнала на насипот и тука се шетала пред да биде убиена, а најчудно е што нејзиниот сопруг не можел да ја види, иако од таму имало добра прегледност на теренот. 

Полицијата повторно ќе ги испита сите сведоци.

За потсетување, Јелена беше убиена на 2 април на насипот кај Борча.