Македонија
8. March 2018 - 16:33

Полицијата откри нов случај на фалсификување денари во апоени од 500 денари

Најголем дел од пронајдените фалисфикувани банкноти во Македонија, се апоени од 500 денари.. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи оваа банкнота е најчесто фалсификувана во изминатите неколку години.. Бројот на откриени е околу илјада годишно, а нивната вкупна вредност во платниот промет изнесува половина милион денари..

Иако со поголема вредност, банкнотата од 1000 денари е помалку застапена на црниот пазар.. Минатата година во временскиот период од јануари до почетокот на ноември, Министерството за внатрешни работи запленило 102 вакви банкноти..

Ист број на фалсификувани апоени од 1.000 денари е откриен и во 2015-та година..

Освен денари, во земјава не е мал бројот и на странски фалсификувани валути.. Најраспространети се банкнотите во апоени од 50 евра..

Последниот ваков случај е регистриран вчера.. Полицијата упасила двајца скопјани кои ги сомничи за пуштање во промет фалсификувани пари.. Кај нив се пронајдени по шест фалсификувани банкноти од 50 и 100 евра, но и  денари во апоени од 200, 500 и 1000..

Двајцата фалсификатори најверојатно во оптег пуштиле поголем број лажни пари, бидејќи според соопштението на полицијата, тие во претпоследниот ден од минатата година со 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари пазарувале во скопски маркет..

Против двајцата скопјани полицијата поднела пријави за сторено кривично дело фалсификување пари, за кое според кривичниот законик е предвидена затворска казна од една до 10 години.. Инаку според статистиката на МВР, лани се поднесени вкупно 44 пријави за фалсификување пари.. Сепак од полицијата не откриваат детали околу начинот на фалсификување на парите, непознато е дали тоа се прави во земјава или лажните евра и денари се изработуваат во странска држава..