Македонија
20. May 2017 - 11:37

Полицијата од Берово и Велес трага по две исчезнати лица

Вчера во 08.30 часот во полициската станица Берово, М.Н. и З.Н. од Берово пријавиле дека претходниот ден во 07.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нивната 17- годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 
 
Вчера попладне во 18.45 часот во полициската станица Велес, М.Б. (42) од Велес пријавил дека претходниот ден од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Б.Б. (38).
 
СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.