Македонија
22. January 2018 - 13:25

Полицијата на нозе: Тројца млади скопјани исчезнаа, меѓу нив и малолетно девојче (12) и момче (15)

Во текот на вчерашниот ден во Скопје исчезнаа три млади лица, од кои две се малолетни.

Првиот случај е пријавен во Полициската станица Гази Баба кога И.С. (50) од с.Јурумлери-скопско, известил дека претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечил неговиот син А.С. (25). 

Вчера во 19,10 часот во Полициската станица Чаир, Ќ.А. (21) од Скопје пријавил дека неговата 12-годишна сестра истиот ден излегла од домот и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 21,10 часот во Полициската станица Чаир, Н.Ј. (37) од Скопје пријавила дека нејзиниот 15-годишен син истиот ден излегол од домот и не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.