Свет
22. July 2016 - 21:46

Полицијата ги затвори автопатиштата во околина на Минхен

Баварската телевизија Бе Ер објави дека автопатишта северно од Минхен се затворени за сообраќај по нападот во трговскиот центар „Олимпија“.

Според медиумот, полицијата побарала од учесниците во сообраќајот да избегнуваат автопатишта кои водат кон Минхен за да им се овозможи на возилата за итна медицинска помош да имаат лесен пристап во зоната.