Балкан
13. April 2016 - 10:28

Полицијата e уверенa дека го нашла убиецот- Зошто монструмот кој ја уби Јелена не е уапсен

Инспекторите кои работат на случајот со убиството на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ, се уверени дека го нашле убиецот, но сепак сеуште не е уапсен поради тоа што немаат доволно докази.
 
Токму поради тоа вчера форензичарите и инспекторите ги чешлаа сите места каде се смета дека била Јелена пред смртта, како и местото на грозоморното убиство, каналот каде таа беше фрлена. Тие пронајдоа чизма која дотогаш не била видена. Соседите на пејачката кои помогнале во потрагата се чудат како дошла чизмата таму кога тие неколу пати го пребарале местото на злосторот и не нашле ништо.
 
Сопругот на Јелена кој е еден од осомничените лица, вели дека нашол адвокат за да ги спречи лошите натписи за него.
 
Инаку,Јелена беше усмртена со 30 удари од дрвена палка со што буквално и бил пукнат черепот. Таа се борела со убиецот до последен момент.
 
Овој настан ја потресе јавноста.