Македонија
13. December 2017 - 10:13

Полицајка нападната и вербално и физички додека регулирала сообраќај во Битола


Вчера околу 19:25 часот во Битола на улицата „Васко Карангелевски“ униформирана полициска службеничка, додека извршувала работи од областа на безбедноста на сообраќајот, била омаловажувана со погрдни зборови од лицето Ф.М. (24) од Битола (кој застанал со неговото возило до полициската службеничка).

По ова Ф.М ја турнал и се обидел да ја удри полициската службеничка, но во намерата бил спречен од страна на друг полициски службеник.

Лицето е приведено, и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.