Полицаец заврши на Ургентно - крвава драма во Прилеп
Нападнат полициски службеник за време на работна должност во Прилеп.Полициската станица од Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) и уште едно лице на возраст од 17 години поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „тешка кражба“ во обид, „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Од страна на судија на претходна постапка на првопријавениот определена му е мерка притвор во траење од 8 дена. Имено на 20.04.2017 година околу 20:30 часот М.Д. излегол пред својата куќа и ги забележал пријавените како се обидуваат да извршат тешка кражба на акумулатор од ПМВ негова сопственост. Пријавените откако го забележале М.Д. се упатиле кон него и започнале расправија без повод и причина.
Бидејќи М.Д. забележал полициско возило, му дал знак за да запре. Полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон М.Д. и кон пријавените, кои оглушувајќи се на неговата наредба започнале со давање на активен отпор. По некое време пријавените биле совладани и приведени во полициска станица каде врз Р.Р. извршено е алкотестирање при што е утвдено присуство на алкохол од 1,59 промили.
Полицискиот службеник се здобил со повреди нанесени од нож од пријавените и најпрво му била укажана лекарска помош во ИМП од каде бил препратен во Хирушко одделение во Општата Болница Прилеп
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари