Балкан
12. September 2017 - 17:45

Погребан без опело, неговите деца, поранешната сопруга и бројни пријатели и роднини се простија од хирургот што се самоуби

На Централните гробишта во Белград денеска е погребан доктор Срѓан Цветковиќ, естетски хирург од ВМА, кој си го одзеде животот.

Во капелата со собраа голем број роднини, пријатели и коеги кои сакаа да му оддадат последна почит, а Срѓан кон вечното почивалиште го испратија и неговите деца, тројки од бракот со првата сопруга.

Во капелата први дојдоа току неговите деца и доктор Зоран Станковиќ, угледен патолог и некогашен началник на ВМА.

Во тажната поворка која го испрати доктор Срѓан имаше околу 150 луѓе.

Во тажната колона, први зад неговиот ковчег беа децата на покојниот хирург, но не и првата сопруга и мајка на трите негови деца која и го огранизираше целиот погреб.

Ковчегот со телото на Цветковиќ е положен во семејната гробница без опело.

а говор на гробот одржа неговиот долгогодишен пријател.

Да потсетиме, хирургот Срѓан Цветановиќ ноќта меѓу средата и четвртокот ја рани вереницата, актерката Ивана Панзаловиќ (30), а потоа си го одзеде животот.