Поголема соработка помеѓу РСБСП и АСО за побезбеден сообраќај
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) денеска потпишаа меморандум за партнерство и соработка и заедничко дејствување.
Предмет на заедничка соработка ќе биде реализација на активности за унапредување на финансиската писменост во областа на осигурувањето, реализација на активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, активности за намалување на бројот на загинати и настрадани лица во сообраќајни незгоди, едуцирање и финасиско знаење на ѓраѓаните за нивните права и обврски од осигурување во сообраќајот...
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски изјави дека врз основа на денешниот меморандум за соработка РСБСП и АСО во наредниот период ќе реализираат бројни заеднички активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку намалување на бројот на нерегистрирани возила во сообраќајот, активности за подигање на јавната свест за предностите и придобивките од осигурување на возилото, финансиско знаење на учесниците во сообраќајот за полисата за автоодговорност, пријавување на штета во случај на настанување на штетен настан, права и обврски од зелена карта, права и обврски, пополнување на европски записник и многу други активности.
Претседателот на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски рече дека и во досегашниот период АСО и РСБСП остварувале високо ниво на соработка, а потпишувањето на денешниот меморандум за соработка ќе значи чекор напред кон унапредување на соработката помеѓу двете тела, континуирана размена на искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои што можат да се применат, а се со единствена цел едукација и заштита на животот и здравјето на граѓаните и заштита на нивните права.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин