Македонија
16. January 2017 - 18:10

Погледнете какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно студено со повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од нула до пет степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.

Во наредните два дена, среда и четврток, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне во јужните и во југоисточните делови од земјава кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри. Температурата во овие денови ќе биде без поголеми промени и ќе се движи во интервал од минус четири до четири степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.